Можното решение на израелско-палестинскиот конфликт треба да се „наметне однадвор“, од меѓународната заедница, бидејќи „тие две страни никогаш нема да можат да постигнат договор“, изјави денеска шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел.
„Она што го научивме во последните 30 години и што го учиме денес со трагедијата во Газа е дека решението треба да се наметне однадвор“, рече Борел во говор на дипломатската конференција во Лисабон.
„Трајниот мир нема да се постигне додека меѓународната заедница силно не интервенира за постигнување мир и наметнување решение“, рече тој и посочи дека „САД, Европејците и Арапите“ треба да учествуваат во тоа.
МИА