Борел: ЕУ разгледува можност за формирање мисија за обука на украински војници

Мадрид, 22 август 2022 (МИА) – Европската Унија ја разгледува можноста за формирање мисија за обука на украински војници, изјави денеска шефот на дипломатијата на ЕУ, Жозеп Борел.

На прашањето каде ќе биде поставена таа мисија, Борел одговори оти нема да биде во Украина, туку во соседна земја.

„Ова ќе биде важна мисија. Секоја мисија треба да биде на ниво на конфликт. Ова не е мала војна“, посочи Борел, кој престојува во Шпанија.

Медиуми пишуваат дека според извори од ЕУ, украинските министри за надворешни работи и одбрана побарале програма за тренинг во писмо до Борел минатото лето. Дипломатската служба на ЕУ имала неколку опции.

Прочитајте и:  Џо Роган: Бајден и Зеленски сакаат светска војна, Кличко му одговори - тоа е руска пропаганда
- Реклама -