Борба против стриите со сода

Стриите се несовршености на кожата, што секоја жена сака да ги отстрани од своето тело.

Како резултат на губење на еластин и колаген влакна, стриите се формираат за време на пубертетот, бременоста или наглото слабеење.

За да ја спречите појавата на стрии, можете лесно во домашни услови, да направите пилинг со сода бикарбона, кој ќе ви биде од корист во третманот на овие непријатни лацерации на кожата.

За таа цел потребни ви се:

– 1 лажичка сода бикарбона

– Гел за туширање или сапун за тело

– Сунѓер за тело

reee

 

Еве како да си направите пилинг со сода:

1. Истурете 1 лажичка сода во туш гелот кога ќе бидете под туш, или посипете го врз сунѓер за тело истото количество сода.

2. Измешајте ги добро двете состојки.

3. Внимателно масирајте ги  местата каде што имате стрии со кружни движења. Честичките од сода бикарбоната ќе ги ексфолираат погодените зони, а гелот ќе ја хидратира и исчисти кожата.

4. Исплакнете темелно со вода. Правете тоа два до три пати неделно и резултатот нема да биде одложен.

Потребна е постојана грижа за вашата кожа, бидејќи негрижата обично доведува до сувост, лупење и стареење на надворешната обвивка на телото. Бидете здрави и убави! Стриите се подмолни непријатели и на ѕвезди како Џенифер Лопез, Селена Гомез и многу други …

strii

- Реклама -