Ако сте го гледале Борат како се шета низ Кан, тогаш ќе познаете дека станува збор за „манкини“ – посебно дизајниран бикини за мажи кое не секој би се осмелил да го облече на плажа. Сепак, зошто само Борат да биде единствениот предмет на исмејување ова лето кога тоа може да бидете и вие? Аха, за само отприлика 1000 денари и поштарина може да го носите овој прекрасен костум за капење, а добрата работа е што нема да утнете при изборот на големина – One Size Fits All. Со надеж дека таму некаде, постои суштество што ќе го прочита текстов, ќе направи нарачка и воедно летово ќе се прошета со „манкинино“ на Охридската ривиера, ја завршуваме оваа сторија. [Borat Mankini]