Бонсаи дрва од жица

Кен То е американски ументник длабоко фасциниран од дрвата бонсаи. Во оваа неверојатна серија на скулптури, Кен ги создава дрвјата со помош на жици, од коренот па се до крајот на лисјата и гранките.

Керамичките минијатурни садови кои служат за одржување на секоја скулптура се изработка на Џим Барет. Кен објаснува дека за обработката на секое дрво во просек троши по околу три часа и дека дури и за најмалите бонсаи скулптури се потребни најмалку 6 метри жица.

Иако се целосно распродадени во моментов, минијатурните дела на Кен можат да се најдат на rondei.com. Повеќе за неговата импресивна работа можете да погледнете и во галеријата на „deviantART“. Во меѓувреме, еве ние што издвоивме.

- Реклама -