Бомбаш самоубиец по грешка експлодирал додека го испраќале

Уште еден бомбаш самоубиец успешно детонираше појас со експлозиви, ама, за жал… на сосема погрешно место и време. Резултатот се 12 мртви борци и помагатели на ИСИС, а заедно со нив и тој, се разбира.

Како што пренесува IraqiNews, полицискиот шеф во Дијала (каде што се случил настанот) – Јасим ал-Сади објаснува дека појасот се активирал додека на идниот терорист му приредувале таканаречена „blood party“ – проштална забава која на бомбашите самоубијци им ја приредуваат непосредно пред да заминат во самоубиствена мисија. Тоа значи дека бомбашот се детонирал во присуство не само на „колеги“ од ИСИС, туку и негови блиски и пријатели.

- Реклама -