Бомба експлодирала пред зградата на федерацијата на грчкиот бизнис во центарот на Атина во раните утрински часови, соопшти полицијата.
Искршени се повеќе прозорци, но повредени нема. Според полицијата експлозијата е дело на локална герилска група и е прв напад од овој тип по доаѓањето на власт на премиерот Алексис Ципрас во јануари. Експлозивната направа била активирана со тајмер, скриена во ранец крај влезот на Федерацијата на грчкиот бизнис, и избила околу 3: 30 часот по локално време.
Полицијата ја опколи областа и деминери го проверуваат местото. Нападите над банки, новинари и бизнисмени се честа појава во Грција, која има долга историја на политичко насилство, а со децении се наоѓа во најтешката економска криза.