Болтон: Трамп нема идеја како да стави крај на војната во Украина

Републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп нема идеја како да стави крај на војната во Украина, изјави неговиот поранешен советник за национална безбедност Џон Болтон во интервју за Си-ен-ен.

Болтон алудираше на изјавата на Трамп, дадена за време на неодамнешниот разговор со претседателот Володимир Зеленски, дека ќе донесе мир и ќе стави крај на руско-украинската војна.

– Тоа е лудост. Тој нема поим како ќе преговара и како ќе стави крај на таа војна, наведе Болтон.

Поранешниот советник за национална безбедност нагласи дека блискоста на Трамп со рускиот претседател Владимир Путин ќе доведе до отстапки во корист на Москва што би биле погубни за Украина.

Прочитајте и:  Вонредно обраќање на Путин до нацијата во врска со војната во Украина
- Реклама -