Болоња се збогува со Михајловиќ: Засекогаш ќе бидеш во нашите срца

Поранешниот српски фудбалер и тренер, Синиша Михајловиќ денеска го загуби животот на 53-годишна возраст откако не успеа да ја добие и третата битка против леукемијата.

Од бившиот српски тренер се збогуваат сите, па така и неговиот поранешен клуб, Болоња каде што го имаше последниот ангажман.

„Збогум, господине, засекогаш ќе бидеш во нашите срца“, објави калчолигашот.

- Реклама -