Претставник на германската Зелена партија смета дека Германците кои боледуваат од тешки болести или инвалидитет треба да имаат обезбедени буџетски пари за плаќање сексуални услуги.
Моделот е заснован на примерот на Холандија, каде пациентите веќе добиваат пари наменети за плаќање секс во терапевтски цели. Ако предлогот се усвои, на Германците ќе им биде доволна потврда од доктор и доказ дека парите за секс не можат да ги набават на друг начин.
Елизабет Шарфенберг – пратеничка од „Зелените“, за весникот „Welt am Sonntag” изјави дека смета дека трошоците би требало да ги покрива локалната заедница. Весникот исто така пишува дека сексуалните работнички сé почесто ги посетуваат домовите за нега на лица со посебни потреби, и при тоа цитира една од проститутките која таквите посети ги нарекува „благослов“. Инаку, проституцијата е легална во Германија уште од 2002 година.