Болничката храна во Јапонија

Жена што неодамна се породила во Јапонија објави фотографии од 12-те оброци што ѝ биле послужени во болницата за време на престојот. Како што знаете, Јапонците многу внимаваат на тоа како ја сервираат, т.е. како ја презентираат храната, а очигледно тоа важи и во болниците. Сé на сé, храната изгледа подобро и од добар дел од рестораните.

По природа сме скептични, па помисливме дека со оглед што нема повеќе информации, ова може да се оброци од некоја си приватна болница. Па пребаравме уште малку по интернет. И не, не се.

Прочитајте и:  Истражување: Јапонците најмалку уживаат во љубовниот живот

Еве видео од една друга девојка, што во Јапонија оперирала крајници. Квалитетот на нејзините слики не е вака добар, ама храната е истата (освен што е потечна, зашто девојката оперирала крајници). Додуша, таа спомнува дека во Јапонија (барем во нејзиниот случај) можеш да избереш дали да престојуваш во соба со 8 луѓе (бесплатна), соба со тројца или соба во која си сам (која, се разбира, е најскапа). Таа, конкретно, избрала соба за тројца. Спомнува и дека во јапонските болници можеш да си доплатиш за подобри оброци – практично секој ден различен специјалитет, но ова на видеово е таа стандардната.

Еве и друго сведоштво, од блогот на Американка што живее во Јапонија, но го видела и светот:

Еве и уште едно видео од жена што се породувала во јапонска болница, макар што изгледа дека оваа престојува во соба од оние најскапите, зашто изгледа како да е во добар хотел.

- Реклама -