БОЛНИ ОД ЉУБОВ

Horoskop Svadje - profimedia-0029561966_1000x0Ова е за оние врски кои траат по деценија- две! За оние кавгаџии кои се тегнат као црева по улиците со бледи ликови, без знаци на живот и нон стоп се у војна. Немаат гс да стават крај на патетичната врска која им го разара физикусот и психата интензивно. Тоа се оние одвратни врски од кои почнува да те боли глава, да го губиш здивот, и од кои се убрзува процесот на стареење. Разговорот продолжува таму каде што завршил прошлиот пат. Расправии и исправање криви дрини. Бркање по паркови,плачки, извинувања и патетични смирувања, за само по 15-20 минути, кавгата пак да започне. У една вечер се дешаваат триста двобои, обиди за физички пресметки, ниски ударци и навреди. За кој кур сте бе заедно ебави тоа шлакнатите? До кога ќе гувеете у тие ваши мртви врски кои вие сте ги прифатиле као нормални?

Некои типови на луѓе се плашат од промена у животот и спремни се да ги голтаат сите гомненици покрај својот несреќник, затоа што не им држи гзот нешто да променат. Од ебаната самотија стравуваат и затоа се у врски од кои мајките си ги ебаваат. Ххххккк…пљук!!! Кажете им дека тоа не е љубов. Кој така ви ја доловил, гадно ве заебал другарчиња. Разделбата е сосема нормална работа. Али за нормални луѓе. За останатите, тоа е љубов до смрт. Додека едниот умно не се оболи и не загуби едно 15-20 кила.

И следи: Која ти е оваа бе? Зошто така се поздрави со неа и така ја изгушка бе? Шо си имал со неа бе? Ти се свиѓа а?……
Трештат патетичните разговори додека сите околу нив се праат дека ништо не слушаат. Вечното објаснување станува како должна обврска на партнерот, затоа што прифатил така да функционира. Отерај ја у курац лудачата. Ни таа е добра за тебе ниту па ти добар за неа. И двајцата сте у фаците ко да ве озрачил Ренген, кркате анти-депресиви и имате маснотии у крвта на нервна база!

А убај деца бевте кога се запознавте! Имаше живот у вас бе. А сега? Сега сте у срање односи и изгледате ко да ве прегазил воз. Едно 10 тина години така. А фамилиите ви чекаат свадби. Ау ама сте загазиле бре срцки. Па што не се раскурцавте пред 5 ? Ма и сега не е касно верујте…

Ова е една болна слика на љубовните приказни,кои не се ништо поразлични од оние во кој супругот ја третира својата жена као боксерска вреќа. Од оние приказни у кои жената редовно со пудра на фацата ги крие модрите сливи под окото. Несреќната љубов носи слични последици, без разлика дали теророт е физички или психички. И кога целиот свет ја знае приказната и кога сите знаат дека муабетот не им иде, на крај ќе добиеш покана за свадба. А каде е насмевката на фаците? Зашто луѓето прифаќаат да умрат пред време во тие врски наместо да посакаат пак да се родат во некоја нова? Еве ја не знам. Обично сум преферирал да ги прекинам тие гомнарии со муабет директ у лице. Краток нагон за повраќање, чуство на вина и сожалување и толку. После ова, сонце.Ветар. Нова телесна температура и нови хоризонти секако. Престануваш да се чувствуваш како леш конечно…Слободен човек си и го имаш веќе гомното позади себе…

НАПИША: БУЛЕВАРКО

- Реклама -