Болна пракса во Кина: Боење на кученца со токсични лакови

Во 2010-та, „Годината на тигарот“, во Кина беше објавена серија на контроверзни фотографии од портокалови кученца со црни риги. Некои луѓе, надевајќи се на профит, ги продаваа кученцата под лажно тврдење дека се нова раса. Во тоа време, многумина се прашуваа дали фотографиите се лажни, дали кученцата се генетски модифицирани или едноставно обоени. Сега вистината е позната.

2102838801_d98f3ecc5e

Ова се „еднонеделни“ кученца, име што не се однесува на нивната старост туку на очекуваната должина на нивниот живот. И не е изненадувачки, со оглед на токсичноста на лаковите со кои сопствениците ги фарбаат. Уште пострашно, тие и денес се популарни во Кина.Пандите и тигрите се особено барани, па кученцата што ги претставуваат овие животни можат да се најдат во секој град.
Сега доаѓаат и во разни бои.

dyed-dogs-china2

Процесот на боење е веројатно многу токсичен, а користените хемикалии многу силни, бидејќи љубопитните купувачи на вакви кученца забележале дека тие се многу болни.

„Неодамна купив едно од овие кученца. Го донесов дома и беше многу дехидрирано. Го однесов на ветеринар и тој потврди дека влакната му се суви.“, вели еден од новопечените сопственици. Тоа е црно куче, а портокаловите риги се направени со боја. Затоа нема портокалови влакна околу очите или носот, а ригите се крајно унифицирани. Ветеринарот рече дека бојата ќе падне за околу 2 месеца и дека кученцето ќе биде здраво, освен ако пак не го обоиме“ – објаснува истиот.

Прочитајте и:  ФТ: Западот останува зависен од Кина поради ниските цени на литиумот и високите оперативни трошоци

Според активистот за животни Ксионг Тинг, „кучињата пробуваат да го излижат лакот, со што ги внесуваат хемикалиите во телото, а од тој момент, смртта не е далеку. За жал, многу луѓе веруваат дека ова е ретка раса и со задоволство плаќаат за нив, што само го охрабрува пазарот и оваа болна пракса“.

Дури и кинеската влада јавно ги предупреди граѓаните на опасноста по здравјето. Лакот може да биде смртоносен за малите деца кои си играат со кученцата.

Боењето на миленици не е нова практика во Азија. Уште пред две години се зборуваше за обоени пиленца кои се продаваат по пазарите во Кина и Индија. Можеме само да се надеваме дека овие луѓе ќе престанат да ги убиваат овие невини животни и дека ќе бидат изведени пред правдата.

- Реклама -