Болки во грбот од седење: Решете го проблемот со помош на кратка вежба

Осум или повеќе часа поминати на работното биро лошо влијаат врз вашиот ‘рбет.

На тој начин, болките во долниот дел од грбот стануваат секојдневна појава со која се борат сè повеќе луѓе. Доколку чувствувате непријатна болка за време на работното време издвојте 60 секунди и решете го овој проблем.

За моментално ублажување на болката пробајте една кратка вежба со дишење која го опушта телото и го намалува чувството на притисок во лумбалниот дел.

Вежби за дишење против болки за 60 секунди

1. Седнете и заземете удобна положба. Затворете ги очите и обидете се да се опуштите.

2. Врвот на јазикот потпрете го веднаш позади горните предни заби.

3. Вдишете низ носот полека во траење од 4 секунди, задржете го здивот броејќи до 7 и полека издишувајте низ уста броејќи до 8, произведувајќи тивок звук на олеснување.

4. Постапката повторете ја уште три пати.

Вежби пред спиење од 60 секунди

Секоја вечер пред спиење додека лежите во кревет, направете кратко истегнување од 60 секунди.

1. Легнете на стомак и потпрете се на подлактици.

2. Горниот дел од телото подигнете го така што ќе се потпрете на лактите, подигнете ја и главата, задржете ја положбата 8 секунди и вратете се во почетната позиција. Вежбата повторете ја два пати.

3. Легнете на грб и свиткајте ги колената, а рацете испружете ги покрај телото. Подигнете ја карлицата во рамна положба, останете така осум секунди и вратете се во првобитната позиција.

4. Останете да лежите на грб и соберете ги нозете, свиткајте ги во колена, опфатете ги со рацете и повлечете кон градите. Останете во таа позиција осум секунди, па вратете се во првобитната позиција. Вежбите повторете ги два пати.

- Реклама -