Болидот за Формула е во Лас Вегас

Spark-Renault SRT_01E ја имаше првата јавна демонстрација пред публика во Лас Вегас, во САД. Тој ги покажа своите вредности пред очите на бројните фанови на технологијата, дојдени да го посетат Consumer Electronics Show (CES) во Лас Вегас, кој се одржува во моментов.


Болидот беше управуван од бразилскиот пилот Лукас ди Граси, а мина неколку километри, од Las Vegas Strip, па се до Mandalay Bay во центарот на градот.


Демонстрациониот круг потврди дека визионерската идеја за целосно електричен болид денес е речиси реалност. Renault, како иден технички партнер на оние кои би земале учество во едно вакво натпреварување, даде значителен придонес. Ова е можно благодарение не само на рекордот од остварените успеси во мотоспортот, туку исто така и на лидерството  кое компанијата го ужива во светот на електричните автомобили.


Патрис Рати, извршен директор на Renault Sport Technologies, по повод овој настан истакна:

-Сите во Renault сме многу горди што успеавме да ги покажеме вредностите пред очите на публиката во Лас Вегас, на 100 процентниот-електричен Spark-Renault тркачки болид, во реални услови. Работата која ја завршија сите технички партнери во последните неколку месеци, се покажа фантастична. Болидот ги задоволува високите тркачки стандарди на Renault. Многу сме среќни од постигнатиот до моментов резултат. Нашите инженери ќе продолжат со работата со Spark, Dallara, McLaren, Williams и Michelin, за да го подобрат дополнително Spark-Renault SRT_01E, па сите тимови да можат да се натпреваруваат со 100 процентни електрични болиди.

- Реклама -