Боки Бургуја, збор два за Филипче

Статус на Борче Трајковски: Два-три збора за Венко…

,,Ако го сретнете тоа црномуресто и преамбициозно момче, полно со позитивна енергија, толерантност, разбирање за сите и за се’, со младешка но докторска сериозност, со специфично тешка но точна дијагноза за состојбите во ресорот, тоа момче кое го прифати ризикот да биде министер во можеби најосак атеното министерство во државава, министерство во кое минатите само каобожемски вложувале во апарати, опрема и објекти, и тргна да го рехабилитира, да го реанимира, да го обнови, да го крене на нозе, ќе забележите сјај во неговите очи, искреност и подготвеност во неговата насмевка, самодоверба во секоја негова реченица, во неговиот напор, кој, воедно му причинува и огромно задоволство од пружената шанса токму тој да биде оној кој ќе го исправи здравството и ќе го зачекори во онаа состојба во која сите, и здрави и болни го посакуваме.

“Ми треба време“, најоптимистички ми рече, “ми треба само малку време, ама, ќе успеам, ќе го кренам и ќе направам сите да се гордееме со нашето здравство“, заврши и замина некаде, а туку што се врати, исто така, од некаде…

Во таа реченица немаше ни тронка фолирање, од неговите очи излегуваше само сјај на огромен оптимизам и искреност, порака дека точно знае што сака да направи, како тоа го замислил, и дека воопшто не се сомнева во сопствениот успех…

Да, вака изгледа мојот кус портрет за овој момчак, инаку Министер за здравство, и се вика Венко Филипче. Му ја пружам сета моја поддршка да успее во намерата… Тенкју…

п.с. Ова го напишав во јуни 2018 година. После тоа, напишав уште два три статуси кои се однесуваат на неговото работење, пожртвуваност и посветеност, со истиот заклучок дека Венко е мојот фаворит во владата на Заев, и сега, се гордеам со првичната констатација, дека во Венко пред се друго, има ЧОВЕК и ЛЕКАР, потоа министер. И пак ќе речам, ГОУ ВЕНКО, ГОУ…

- Реклама -