По барање на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, поднесено на 9. август, Бојан Јовановски – Боки Тредичи/Боки 13 и Зоран Милески – Кичеец, денеска добија по уште 30 дена притвор.
По разгледување и ценење на фактите и доказите, Кривичниот совет донесе решение да се прифати предлогот на Обвинителството, информираат од Основниот кривичен суд – Скопје.
Првите 30 дена притвор истекуваа утре, а Кичеец и Боки 13 ги добија на 15 јули, и тоа по сите три основи: Опасност од бегство, влијание врз сведоци и можност за повторување на делото, потсетува „Плусинфо“.