Она што го гледавме овие денови мене ми беше смешно и во исто време и трагично, а она што и се случуваше на специјалната обвинителка (Катица Јанева) за мене е поразувачки, гласи изјавата на Бојан Јовановски Боки 13, не така одамна, во времето на тн. шарена револуција.
Погледнете го видеото, тие што беа и останаа обожаватели на трите македонски Чарлиеви ангели, ќе се потсетат на времето кога на висока цена беа маичките со Ката, Фатиме и Ленче од СЈО, а останатите ќе се потсетат на кантите со боите со кои се валкаше Македонија. За да стигнеме до ова што сме денес.