Македонскиот шоумен Боки Јовановски – Боки 13, е познат како личност без влакна на јазикот и не му претставува проблем да каже што мисли.
Така, во текот на вчерашниот ден, тој на својот Фејсбук профил „удри“ по пејачката Елена Ристеска, која до неодамна беше дел од регионалното шоу „Твоето лице звучи познато“.
Наводно, Елена веќе неколку пати избегнува средба на суд со Јовановски, а тој се плаши дека таа нема да се појави повторно.
Со оглед на тоа што нејзиниот сопруг е во Скопје, сите започнаа да се прашуваат, дали Елена има љубовник во престолнината на Србија?