Боки 13 се мешал и во уредувачката политика на 1ТВ, cведочеше на денешното poчиште за „Рекет“ Христијан Баневски, поранешен новинар во телевизијата.
Како што рече тој, Боки 13 од него барал да направи најава за испитување на квалитетот на сите флаширани води. Целта била, рече Баневски, да укажат дека некој пакува и препродава вода од чешма.
Новинарот ја подготвил најавата, а Боки барал да го најавува истражувањето во неколку наврати. И покрај тоа, сторијата никогаш не била објавена. По извесен период, „Пелистерка“ станала главен спонзор во 1ТВ, cведочеше Баневски.
Извор: ТВ21