Освен фризурата, според обликот на лицето треба да се прилагоди и бојата на косата.
На пример, на квадратестото лице му прилегаат темни нијанси на смеѓа и црвена, а за овалното лице најдобро одговараат средни нијанси на руса или костенлива боја.
Дамите кои долго време ја фарбаат косата, често не се ни сеќаваат каква им е природната боја. Експертите велат дека на секој облик на лицето, покрај фризурата му одговараат и одредени нијанси.
Облик на срце
На срцеликите најмногу им одговараат русите тонови, како и светлосмеѓата или светлоцрвената нијанса.
Округлесто лице
Округлестото лице „бара“ шишки и прамени, конкретно светли тонови на шишки и горниот дел од косата, а неколку потемни нијанси позади.
Квадратесто лице
Лицето со облик на квадрат делува широко, па фризерите предлагаат темни нијанси на смеѓа и црвена, како и на црна.
Овално лице
Најдобар избор за овално лице се средните нијанси на руса, црвена, костенлива или смеѓа коса, а визуелно го издолжуваат темните нијанси и прамени.