„Боингот“ на „Етиопијан Ерлајнс“ ги симна знамињата на Обединетите нации на половина копје

Меѓународната организација за миграција (IOM) соопшти дека Обединетите нации и нивните агенции денеска ќе ги спуштат знамињата на половина копје. Ваквата одлука следува по информациите дека во падот на Boeing-от 737 во Етиопија загинале 19 вработени во организации поврзани со Обединетите нации.

Како што се наведува во соопштението, меѓу тие организации се Светска банка, Меѓународната унија за телекомуникации, Програмата на ОН за животна средина и други.

Во соопштението се наведува дека во несреќата загинала и Германката Ен-Катрин Фајгл, вработена во Меѓународната организација за миграција (IOM).

Авионот на „Етиопијан Ерлајнс“ се сруши во неделата утрото набрзо по полетувањето од аеродромот во Адис Абеба, на летот кон Најроби. Во несреќата животите ги загубија сите 157 патници и членовите на екипажот. Во авионот имало патници од 35 различни држави, од кои дел патувале кон самитот на ОН посветен на животната средина, кој денеска треба да започне во Најроби.

Прочитајте и:  Македонија воздржана: Генералното собрание на ОН ја поддржа палестинската резолуција за ставање крај на израелската окупација
- Реклама -