Петар Богојевски, иницијатор на политичката платформа, “Македонски концепт”, во интервју за порталот НОВА, го обвини Мицкоски дека го прекршил дадениот збор, ако стане претседател дека ќе ги заврши комплетно реформите во партијата, односно промени на политиките, кадровски промени и статусот.
– Тоа веќе е касно, сега на ВМРО ДПМНЕ и е потребна комплетна трансформација во форма на унија. Таму ме имаат мене, јас сум сеуште член на ВМРО ДПМНЕ, го имаат прозападното или реформаторско крило, го имате Советскиот блок на ВМРО ДПМНЕ кои се доста засилени, чиј лидер е Мицкоски, има бандитски блок таму кои функционираат во кохабитација, ги има клиентелата кои секогаш се на страна на печатот, така да самата таа структура бара нова визија за решение на таа партија, рече Богојевски.
Петар Богојески, поранешниот заменик- генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, познат и како еден од иницијаторите за реформи во партијата, деновиве објави колумна во која повика на македонски општествен договор, наречен „Македонски концепт“.
Станува збор за политичка платформа која инсистира на обединување на опозицијата, но и на нејзино прочистување од старите практики и грешки. Во разговор за Дојче веле тој ги објаснува целите на оваа платформа.