Богојески: Ова е „општество против сите“ кое државата директно ја води кон етнички судири

„Ако утрото по денот се познава, тогаш сме сигурни дека оваа Влада е на погрешен антиевропски пат. Од една страна е противуставна и не го почитува амандманот 6 од Уставот на Република Македонија, не се грижи за правична застапеност на граѓаните, а од друга страна наметнува услови за работа на приватниот сектор, односно наметнува етнички клуч врз приватниот сектор со субвенционирање на етнички вработувања или сега по ново и наметнување на двојазичност“, истакнува Петар Богојески – претседател на политичката платформа Македонски концепт.

„Ова е класично насилство, суспендирање на светоста на приватната сопственост. Ова е апартхејд во 21 век“, заклучува тој.

Според него, ваквото насилство од страна на власта ја води државата директно кон судири на етничка основа.

„Ова не е едно општество за сите, ова е општество против сите. Приватните компании се оневозможени да работат по сопствено видување и убедување“, вели Богојески, кој притоа ги повика стопанските комори во земјава „да го организираат отпорот на менаџерите и стопанствениците“, особено на малите и средни претпријатија, пренесе „Макфакс“.

- Реклама -