Изјава на Петар Богојески за ,,Политика”:
,,Мачнина ми падна кога видов како господин Мицкоски коленичи пред господин Борисов. Објаснува нешта и на начин, срам да те фати. Во ред е да имаме комуникација со сите странци, но не вакво понижување.
Македонија треба да се претставува достоинствено и чесно. Со исправена глава. Со образ. Не е се до власта. За пуста власт, Христијан е подготвен, се да прифати. Не е се во таа пуста власт.
Најнечесно, неетички е тоа што Христијан едно зборува дома, а друго пред странците. До сега дел од членовите на ВМРО ДПМНЕ не веруваа во тоа. После онаа снимка на Борисов, се е веќе јасно и на виделина. Срамота и греота е да се лаже сопствениот народ.
Народот тоа не го заслужи! Трагикомичен е аргументот за евро-атлантската определба на господин Мицкоски, дека се образувал еден месец на италијански универзитет. Па и лидерот на Северна Кореја, Ким Јонг Ун се образуваше во Швајцарија, па не е Швајцарец!
Пријателството помеѓу државите се гради со конкретни чекори. Не со меѓусебно подметнување. Иднината на Македонија е во европското семејство на држави. Тоа се постигнува со достоинство и работа, а не со лажен патриотизам.”