Богојески: Македонија и Бугарија да го забранат името „ВМРО“ за политичка употреба

„Што е ВМРО? Организација за создавање на македонска држава или политичка партија за правење пари?!? Пред неколку години ова прашање ми го поставија десетици пријатели од Македонија и од Бугарија, зашто во двете држави има партии со името ВМРО!“, пишува на Фејсбук Петар Богојески, лидер на движењето „Македонски концепт“.

Според Богојески, Македонија и Бугарија, во рамките на меѓусебните преговори, треба да потпишат согласност „ВМРО“ да се прогласи за културно-историско наследство и тоа име да се забрани за политичка употреба и во двете држави.

„Што мислите за таа идеја? Што мислите Вие господин Христијан Мицкоски? Што мислите Вие господин Љубчо Георгиевски? Што мислите Вие господин Красимир Каракачанов? Што мислите за ова Македонци?“, прашува Богојески.

- Реклама -