Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, која, истакнува, беше поддржана и од екс-лидерот на ВМРО-ДПМНЕ – Никола Груевски, не го изгубила кредибилитетот поради аферата во јавноста, туку го изгубила во моментот кога ја пропуштила шансата самата да повика на истрага и да побара нејзиното име да се стави прво на листата на осомничени за случајот „Рекет“, оцени Петар Богојески од реформаторското крило на ВМРО-ДПМНЕ, вчера во Централниот дневник на „1ТВ“.
„Доколку сака Катица Јанева да има трунка кредибилитет за понатаму да ја извршува нејзината професија, треба сама да побара од Русковска да биде првообвинета во случајот ‘Рекет’. А ако, како обвинета, ја докаже својата невиност, има полн кредибилитет да продолжи понатаму“, вели Богојевски.
Тој во интервјуто зборуваше и за односите меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, оценувајќи дека не постои вистинска политичка конфронтација меѓу премиерот Заев и лидерот на опозоцијата – Христијан Мицкоски. Богојески зборуваше и за груевизмот, кој според него сè уште е жив. Разговорот погледнете го на „1ТВ“ (ЛИНК).