Богатите родители не се важни

бебињаКолку се важни одлуките на родителите? Повеќето родители мислат дека дури и најтривијалните родителски чинови – како изборот на градинка и нивниот став за видеоигри – влијаат врз успехот на децата. Накратко, децата се влажна глина која родителите ја обликуваат.

Но, тестовите кои мерат интелегенција, самоконтрола и слични особини, водат кон заклучок дека домашната средина има незабележително влијание споредено со гените и пријатлите. Но сепак, според едно ново истражување, и двете теории се точни. Која средина влијае повеќе зависи од економската состојба на семејството.

Истражувачите од Универзитетот од Тексас во Остин и Универзитетот од Вирџинија анализирале 750 парови близнаци на кои им бил даден тест за ментални способности на возраст од 10 месеци и на возраст од 2 години. Проучувајќи ги перформансите на иднетичните близнаци споредени со перформанисте на двојајчани близнаци научниците можеле да ги елиминираат гените и домашната средина како фактор. Бидејќи бебињата потекнувале од домаќинства од целиот социоекономски спектар било возможно да се види какво влијание имаат парите на резултатите од тестовите.

Прочитајте и:  Осум држави најавија забрана за физичко казнување деца

На 10 месечна возраст, домашната средина била клучниот фактор, кај сите социоекономски класи. Но 14 месеци подоцна резултатите биле драматично различни. Кај децата од посиромашни домови, одлуките на родителите сè уште биле важни. Всушност, истражувачите веруваат дека домашната средина е одговорна за околу 80 проценти од индивидуалната варијација кај менталните способности на девгодишните деца. Ефектот на гените бил незабележителен.

Резултатие биле спротивни кај двегодишните деца од богати семејства. Кај овие деца, гените биле примарниот фактор кој влијаел врз перформансите, одговорен за речиси 50 проценти од варијацијата во менталните способности. Домашната средина била значително помал фактор. За родителите корелацијата е јасна: Со зголемувањето на богатството, одлуките на возрасните имаат многу помала улога во одредувањето на менталните способности на нивните деца. [Why rich parents don’t matter]

- Реклама -