Детската уметност, особено цртежот, претставува една од задоволства на детството и претставуваат визуелни претстави направени со боички, фломастери, или моливи, кои се резултат на нивното задоволство и расположение.
Со цел да се подобри креативниот развој на децата, француската компанија БИЦ (BIC: www.bicworld.com) донираше дел од палетата на високо квалитетен училиштен прибор со кој децата можат да уживаат во својот креативен израз, и тоа: дрвени боици, мрсни боици, фолмастери, моливи, како и фломастери чија боја лесно се отстранува од рацете на децата, како и од нивната облека па дури и од мебелот.
„Во желбата да се помогне во развојот на креативна страна на децата дониравме дел од нашите производи во најголемиот детски клуб во Скопје, Сити Кидс Клуб. Во месец април клубот ќе биде домаќин на креативни работилници со нашите производи. Ние се надеваме дека работилниците ќе ги инспирираат децата од клубот да ја преточат својата креативност во едни од најубавите уметнички дела, кои на крајот од месецот ќе бидат изложени во рамките на клубот.“ изјавија од компанијата БИЦ (BIC).
Преку цртежите може да се открие што посакува детето, што му се допаѓа, што не му се допаѓа, неговите сонови и желби, и многу повеќе. Цртежот исто така се употребува и во терапевтски и развојни цели од страна на сите познати светски детски психијатри. Психолошки истражувања со уметничка терапија, извршени од страна на европските и руските научници, покажаа дека преку цртежот можат да се дознаат начинот на размислување на децата, нивната имагинација и емоционална состојба. Според научниците цртежот, сликата претставува своевиден јазик, код кој обезбедува јасен увид во детската моментална психолошка состојба.
Се проценува дека само 10% од човечката комуникација се постигнува преку говорење. Другите 90% е невербална комуникација, пренесена преку слики, гестови, изрази на лицето, држење, и други видови на јазикот на телото. Искусен психолог може да го утврди карактерот на една личност уште пред таа да проговори. Ракописот на поединецот, начинот на одење, навиките, палетата на бои која ја преферира – сите овие елементи формираат огледало што ја одразува личноста.