Boeing создаде самоуништувачки смартфон

Смартфон специјално дизајниран за комуникација за максимално доверливи тајни е создаден од Boeing. Доколку се дојде до ситуација да се заплени смартфонот и да западне во погрешни раце, автоматски се бришат сите повици, податоци и информации од меморијата и историјата на смартфонот со што тој станува целосно неупотреблив.

Компанијата Boeing која е позната по авионите, изјави дека овој смартфон им е повеќе од потребен и на сите останати организации за асистенција и зголемување на помошта при пристап на нивните информации и полесно остварување на нивните мисии.

Спецификациите на смартфонот се објавени на официјалната страна на Boeing.

Teкстот е објавен во соработка со Socialnet.mk

- Реклама -