Бобан Илиоски стана европски првак откако во финалето славеше против европскиот првак Ерик Нивегловски од Полска на Европското кик бокс првенство за сениори во Атина, Грција,.
Илиоски ја одбрани шампионската титула и златниот медал од пред две години против и покажа дека е еден од најдобрите европски и светски кикбоксери.
Покрај златниот медал на Илиоски, Македонија има и бронза кој завчера ја освои Стефан Михајловски.
На ЕП настапуваат 982 кикбоксери со 1133 натпреварувачки влезови од 41 држава.
Резултати – Европско првенство кик бокс:
Лоу кик
-86 кг
Бобан Илиоски – Петар Јаман (Хрватска) 3-0 ¼ финале
Полуфинале
Бобан Илиоски – Филис Христос (Грција) 3-0
Финале
Бобан Илиоски – Ерик Нивегловски (Полска) 2-1