Шалке е на чекор до ангажман на Кевин Принц Боатенг од Милан, играчот е во Гелзенкирхен на лекарски прегледи.
26 годишниот плејмејкер во средата со два погодоци против ПСВ му помогна на Милан да обезбеди пласман во групната фаза од Лигата на Шампионите, но неговиот престој на Сан Сиро веќе е завршен.
Кевин Принц Боатенг е на чекор до преселба во Шалке, репрезентативецот на Гана е на медицински прегледи во Гелзенкирхен.
Тимот од Велтинс Арена најави дека ќе го засили составот доколку обезбеди настап во групната фаза од најелитното европско натпреварување.
По триумфот над ПАОК, медиумите почнаа да го поврзуваат Шалке со голем број на играчи, а лидерите на клубот се одлучија за Кевин Принц Боатенг.
Фудбалерот од средниот ред претходно во два наврати настапуваше во Бундеслигата, еднаш во дресот на Херта и еднаш во дресот на Борусија Дортмунд, лутиот локален ривал на Шалке.
Текстот е објавен во соработка со 24Фудбал