Боатенг и Мунтари ја доведоа на колена големата Барселона (видео)

Голема предност на росонерите пред возвратниот натпревар на Ноу Камп, Галатасарај одигра само реми со Шалке.

Во вечерашните први дуели од осминафиналето во Лигата на шампионите, Милан на Сан Сиро успеа да го сопре Меси и моќната Барселона, додека Галатасарај одигра нерешено со Шалке во Истанбул.

Во 57та минута од натпреварот на Сан Сиро, Боатенг по асистенција на Запата го матираше голманот на Барселона за водство од 1:0. Сите надежи на Барселона да замине непоразена од Сан Сиро ги скрши Сали Мунтари во 81та минута, кога го доведе Милан во водство од 2-0. Со ова Милан доби голема предност пред реванш натпреварот во Барселона.





Во вториот натпревар на Галатасарај и Шалке беше возбудливо на двете страни и тежок меч во Истанбул. Галатасарај успеа да стигне до предност во 12та минута со погодокот на Јилмаз. Шанса да зголеми имаше Догба, најголемото засилување на домаќините оваа сезона, но голманот на Шалке успеа да одбрани. За израмнување од страна на Шалке се потруди Џоунс. Ваквиот исход им оди во прилог на Шалке поради голот постигнат на гостување.

Прочитајте и:  Градоначалникот на Барселона планира укинување на директното изнајмување станови на туристи





- Реклама -