Голем број автомобилски компании бараат начини да ги намалат трошоците за производството. Особено популарен метод е изградба на фабрики во близина на пазарот, за кој се наменети.
Така се појавија многубројни фабрики во Кина, чие огромно население е добар залог за една голема муштерии. BMW веќе си бара удобна локација во Мексико, каде ќе изгради нова фабрика за производство на популарниот модел од Series 3.
Најблискиот конкурент на баварците, Mercedes-Benz, веќе објави дека ќе започне производство на C-Class во фабрика во САД, во 2014 година. Две години подоцна Audi најави дека ќе започне производството на некои од моделите во Мексико. Ако Управата на баварската компанија даде зелено светло за новата фабрика во Мексико, „Тројката“ ќе почне да излегува оттаму од крајот на 2016 година.
Се очекува управата да донесе одлука од крајот на следната година. Мексико е интересно место за производство за голем број производители на возила поради евтина работна сила, близината до САД и договор за слободна трговија со Канада, САД, Јужна Америка и некои земји од Азија.
Објавено во соработка со Авто Плус.