BMW се подготвува да влезе во уште полуксузни води, односно планира лансирање модели како одговор на престижните остварувања од Mercedes-Maybach.
Германците сакаат да го намалат јазот меѓу својот модел предводник – Серија 7 и моделите на Rolls-Royce. Сеуште не е јасно дали BMW едноставно ќе го преработи својот водечки седан или ќе направи целосно нов развој, па ќе добиеме Серија 8, за кој има гласини одамна. Се претпоставува дека стартната цена на новите возила, кои ќе бидат три барем во почетокот, ќе биде 150.000 евра. Значи разликата со најскапиот 750 Li во моментов ќе биде околу 40.000 илјади евра.
Најверојатно, првиот од серијата супер луксузни модели ќе се појави до крајот на оваа година во форма на лимитирана серија 7 Centennial Edition, која доаѓа во чест на 100-годишнината на марката.