Во време кога владее општа паника за ефектот на стаклена градина, глобалното затоплување и сличните такви холивудски филмови; во време кога е модерно да се вози Тојота Приус, BMW извади нов концепт автомобил – хибрид кој нема да ве заспие додека го возите.

Германската автомобилска компанија го претстави својот нов концепт автомобил, за кој се надеваат оти наскоро ќе започне масовно да се произведува.
Новиот модел има две врати, 4 седишта и внатрешност која ви овозможува чувство како да летате. Целиот ентериер е направен од рециклирани материјали, освен седиштата кои се направени од кевлар. Дополнително, вграден е тродимензионален дисплеј, како и night vision дисплеј!
Хибридот има турбо-дизел мотор, а каросеријата е главно направена од алуминиум, иако надворешните слоеви и вратите се од специјален поликарбонат.
Во целиот автомобил има вкупно 98 литиум-полимерски батерии кои ќе се полнат кога ќе се вклучи турбо-дизел моторот.
Од BMW тврдат дека од 0 до 100 километри на час овој автомобил ќе стигне за 4,8 секунди, а поради малата тежина на материјалот од кој е конструиран, лесно ќе може да ја надмине електронски ограничената маскимална брзина од 250 km/h. И после, кој вели оти хибридите биле здодевни?