BMW X1 со преден погон од 2015 година

Следното BMW X1 нема да ја користи платформата за заден погон, на која се конструира во моментов, тврди весникот Autocar.

Од 2015 година моделот ќе се нуди со преден погон, бидејќи концернот планира да ја користи за него платформата UKL, позната од кросоверот Mini Countryman. Весникот додава дека како основен мотор за Х1 ќе се користи истиот агрегат  кој ќе се вградува во BMW 1 Series GT, првиот модел на Баварците со преден погон.

Агрегатот е трицилиндерскиот  турбо со зафатнина од 1,5 литри. Се очекува неговата моќ да биде околу 150 КС. Деби на BMW 1 Series GT е планирано за Салонот во Париз оваа есен. Инаку, BMW X1 ќе се нуди со палета од четири мотори, како и со опционален погон на сите четири тркала, со каков што располага Countryman.

Веќе во самиот план за развој на оваа новина се навестени, но не со потполна сеигурност, неколку нови извонредни технологии и технолошки решенија, што секако ќе ги подобри квалитетите на мошне популарниот модел од Х-гамата на Баварците.

Објавено во соработка со Авто Плус.

- Реклама -