Баварскиот производител предвидува до 2021 година да се пополни гамата со дури 28 возила. Тоа ќе бидат како целосно нови автомобили, така и модификации на понудените во моментов модели. Намерите на BMW беа откриени од повеќе германски медиуми.
Според информациите стартот на лансирање на премиерите ќе биде означен уште на автосалонот во Женева на почетокот март, каде Баварците ќе ја претстават новата караванска изведба М550i. По него ќе излезе обновената BMW i3 и BMW M2, а за втората варијанта ќе се нуди и нова модификација – M2 GTS. Со тоа парадата нема да заврши за 2017 година, претстои излегувањето на ново BMW M5, како и на родстерот Z5, кој се развива заедно со јапонската компанија Toyota. Баварците нема да пропуштат да ја дополнат и палета на кросовери. Претстои надградба на X3, појавата на новата X2, како и на SUV предводникот на брендот – X7. Не се заборавени и семејните автомобили – на големиот Серија5 GT му претстои промена на генерациите, а исто така и на името. Тој веќе ќе се вика Серија 6 GT.
Во 2019 година BMW малку ќе го намали темпото. Тогаш треба да биде претставена „жешката“ модификација на кросоверот X3, која ќе го добие додаток М кон името. По неа ќе излезат новите BMW i8, X4 и X5, како и обновената Серија 1. Финишот на целата операција ветува дека ќе биде импресивен. Во 2020-2021 година баварскиот концерн ќе ја лансира преродената легенда – Серија 8, по што следи суперлуксузно купе, а по него и кабриолет. Тие ќе конкурираат на Mercedes-Benz S-Coupe. Последна новина од овој серијал ќе биде електричното BMW i5.