Првото BMW со преден погон или поточно неговиот прототип ќе биде претставен во салонот во Париз, во септември.
Возилото ќе биде надградено на платформата на новата генерација на Mini, UKL (Unter Klasse или основно ниво). И додека „Англичанецот“ веќе е на пат кон сериско производство, „Германецот“ ќе треба да чека најмалку две години, пред да стигне до лентите.
Неговиот прв тест ќе биде реакцијата на публиката во Париз. Во основата на концептниот BMW Ѕeries 1 GT, како и на сериската верзија, ќе има многу елементи од Mini изданијата. Под капакот на прототипот ќе биде ставен 1,5 литарски трицилиндерски турбо мотор од новата генерација, кој ќе се нуди и во бензинска и во дизел варијанта.
Објавено во соработка со Авто Плус.