Раководството на BMW внимателно ги проиучува изгледите за лансирање во промет на хипер изведба со хибриден погон. На овој начин Баварците ќе одговорат на конкурентот Mercedes-Benz, кој веќе најави дека развива сличен автомобил, кој е познат како Project One.
За изданието Drive, потпретседателот за продажба и маркетинг на M-одделот на BMW, Питер Квинтус, објави дека неговата компанија е подготвена да направи конкурент на McLaren P1, Ferrari LaFerrari и Porsche 918 Spyder, како и на идниот модел на Mercedes-Benz.
– Можеме да започнеме уште денес или утре со работата врз еден таков автомобил, бидејки сме подготвени со концепт за него. Најголемата пречка во моментов е ангажирање на најдобрите специјалисти, како и финансирањето. Инженерите се многу ентузијастички настроени од сличен проект и инсистираат да направат таков автомобил, објасни Квинтус.
Уште пред неколку години се појавија гласини дека Баварците и компанијата McLaren работат заеднички на правење на супер автомобил со карбон каросерија, која ќе добие 4,0-литарски Твин-турбо мотор со 750 КС. Информациите беа демантирани од шефот на BMW M GmbH, Франк ван Мил.
Што се однесува до автомобилот на Mercedes-Benz, тој ќе биде прикажан на автосалонот во Франкфурт наесен. За познатата како Project One хипер изведба се знае дека ќе добие хибриден погон, во кој главна улога ќе игра 1,6-литарски бензински V6 мотор кој се користи од болидите на Mercedes-AMG во F1.