Впрочем, така и беше фатен еден крадец во Сиетл.
По пријавата од сопственикот дека му е украдено BMW-то, полицијата веднаш на помош го побарала германскиот автопроизводител, а BMW не само што го лоцирала возилото, чиј мотор сé уште бил вклучен, туку и далечински ги заклучила вратите додека крадецот дремел во него. Потоа ги испратила локационите детали до полицијата, а за кратко време, крадецот се разбудил опкружен од сирени.
BMW не само што потврди дека може далечински да ги заклучува и отклучува вратите, по потреба, туку може и да ги активира звучниците и да испрати порака преку нив. На пример, доколку крадецот бил буден, веројатно ќе му шепнеле нешто во стилот „Ние не сме заглавени тука со тебе, ти си заглавен тука со нас“ – како во филмот Watchmen.