Добри вести за сите љубители на овој германски модел. Баварската компанија најави дека нивниот Vision Efficient Dynamics концепт ќе влезе во сериско производство. Концептот првпат беше претставен пред повеќе од една година на саемот во Франкфурт, и поради големиот интерес на јавноста BMW најави дека ќе започне со сериско производство во наредните неколку години.

Цената на овој хибрид се очекува да биде околу 150000 евра. За тие пари, VED ќе има врати кои се отвараат нагоре, и четири седишта. Погонот на овој уникатен суперавтомобил ќе се состои од трицилиндричен турбо дизел мотор. Возилото ќе располага со 328 коњски сили, и ќе има забрзување од 0-100 километри на час за само 4,8 секунди. Но она што е навистина импресиво е фактот што ова возило и покрај перформансите ќе троши само 3,7 литри на 100 километри, односно ќе биде поекономичен од Приусот на Тојота.
Оние VED примероци од сериско производство ќе се разликуваат од концептот и по тоа што нивната батерија од литиумски полимер ќе може да се наполни и од електричната мрежа за само 2,5 часа. Со користење само на електричниот погон, возилото ќе може да помине околу 50 километри со едно полнење, а резервоарот од 24 литри ќе ви овозможи патувања до 700 километри со само една посета на бензинска пумпа. [BMW Confirms Efficient Dynamics Production Vehicle]