BMW и Intel ветуваат целосно автономен автомобил до 2021 година

popup_992_BMW-1000-1[1]

BMW Group, Intel и Mobileye објавија планови за заедничка работа во областа на автомобилите со автономно управување и ветија дека таквите сериски модели ќе се појави на пазарот до 2021 година.

Иницијативата BMW iNEXT ќе послужи како основа за развивање на автономните технологија на баварската марка, кои ќе бидат употребени во сериските модели на брендот за движење не само со голема брзина на патишта, туку и во урбани средини, како дел од решенија за заедничко патување. Од BMW Group, Intel и Mobileye ја посочуваат својата убеденост дека технологијата за автономно управување ќе го направи движењето посигурно и полесно. Крајната цел на нивната иницијатива е создавање на решение кое ќе му овозможи на возачот не само да ги одвои рацете од управувачот, туку и да ги достигне следните две „нивоа“, да го оддели погледот (ниво 3) и целото свое внимание (ниво 4 ) од патот. Постигнување на петтото ниво на автономната управување ќе гарантира 100% автономија, при што во автомобилот нема да има потреба од возач.

Новата платформа на BMW Group, Intel и Mobileye, е една од најобемните и најконструктивните во однос на реализацијата на нивоата од 3 до 5, па се очекува да биде прифатена од други автомобилски компании, како и други индустрии.

Автоплус

- Реклама -