Вкупно 366.992 клиенти во целиот свет се одлучиле да купат BMW 5, во варијанта седан, Touring или Gran Turismo. Тоа уште еднаш ги потврдува вредностите на BMW Серија 5 во однос на конкуренцијата.
Клучен фактор за овој успех е обновувањето на моделот во 2013 година. Со воведувањето на поширока палета на мотори, дополнителна опрема и уште поголема разновидност од предлози на програмата BMW ConnectedDrive, освоени се навистина многу клиенти. Серијата 5 на BMW уште еднаш покажа како еден нов модел може да биде оптимизиран со помош на хармоничен пакет мерки, за да одговара на побарувачката на пазарот. При обновувањето селективно е преиспитан надворешниот дизајн на целото семејство. Новиот дизајн на BMW Серија 5 Gran Turismo, на пример, дозволува да биде зголемена за 60 литри зафатнина на моделот. Нешто повеќе, внесените за прв пат во Серија 5 дизајнерски линии Luxury и Modern, заедно со пакетот M Sport, дозволуваат да се додаде индивидуалност и свој карактер на секој автомобил од BMW Серија 5.
Ентериерот е со рафинарана атмосфера и подобрена функционалност. Поставен ергономски и лесен за употреба iDrive контролорот е вклучен во стандардната опрема на сите модели, а контролниот дисплеј е со хромирани лајсни. Заедно со навигациониот систем Professional, iDrive контролорот е опремен со чувствителни на допир екрани во разни димензии, што дополнително ја зголемува оперативната погодност.
Од јули 2013 година моторите се побрзи, поекономичи, поеколошки и поефикасни. Моќноста се движи од 143 КЅ до 560 КЅ, а сите одговараат на стандардот за нивоата на емисии за издувни гасови EU6.