BMW 2 Series Coupe ќе дебитира за 4 дена

Пред неколку месеци германската компанија BMW го стопира производството на своите модели серија 1 Coupe и Convertible, за да ги замени со целосно нов модел, кој го носи името серија 2. Новиот автомобил е веќе подготвен и ќе биде претставен на 25 -ти октомври.

На крајот на оваа недела ќе ја видиме верзијата Coupe, чие производство ќе започне во ноември, а продажбата во Европа – во март 2014 година. Во рамките на следната година ќе се појави и отворената верзија BMW серија 2 кабрио која ќе има мек платнен покрив.

1

Новиот серија 2 на BMW ќе се појави на пазарот во три верзии – 220i, 228i и 220d . Малку по нив ќе биде предложен и M235i, опремен со 3.0 литарски бензински мотор со 320 КС. Истиот мотор, но со моќност од 350 КС, ќе го има и М-верзијата на моделот. Се очекува кај BMW M2 забрзувањето од место до 100 км/час да трае 4,6 секунди, а верзијата M235i да го прави истото со 0,3 сек. побавно.

2

BMW серија 2 се гради на платформа за автомобили со заден пренос, но на одредени пазари ќе бидат предложени и верзии со xDrive. Исто како серија 4, новата серија 2 ќе располага и со верзија GranCoupe. Познатиот хечбек ќе продолжи да го носи истото име.

Текстот е објавен во соработка со АвтоПлус

- Реклама -