My Husband Is Annoying е интересен блог на Тифани Вонг во кој таа на светот сака да им ги открие сите иритирачки работи кои ги прави нејзиниот сопруг. Вонг редовно го апдејтува својот блог со најиритирачките работи во врска со нејзиниот сопруг како на пр. тоа што постојано носи еден ист зелен џемпер или што никако не сфаќа како функционира далечинскиот управувач. На сето тоа не му фали доза на хумор, а доколку мислите дека вашиот партнер прави иритирачки работи тогаш прочитајте што има да каже оваа блогерка на таа тема.