Блитва, за силни коски и добар вид

Блитвата е зелјеста билка што се одгледува поради нејзините листови исклучително богати со нутриентите.

Најраспространета е на Медитеранот.

blitva2

Блитвата е особено делотворна во подигањето на имунитетот.

Богата е со влакна и е одлична намирница за регулирањето на пробавата. Влакната се важни бидејќи го врзуваат вишокот на водата и на отровните состојки, забрзувајќи го поминувањето на храната низ цревата и отстранувајќи ги потешкотиите при варењето. Со оглед дека јаглените хидрати се важни за мозокот и за целокупниот нервен систем, оваа намирница е одличен избор за отстранувањето на нервозата и за јакнењето на концентрацијата.

Блитвата поволно влијае врз регулирањето на високиот крвен приотисок, корисна е за кардиоваскуларниот систем, го редуцира штетното делување на слободните радикали врз многу органи во организмот.

Прочитајте и:  Природни решенија за лош здив: Еве како да ја вратите свежината

blitva3

Блитвата се препорачува за здрави и силни коски поради присуството на витаминот К, калциумот, магнезиумот и витаминот Д, додека присутните лутеинот и зеаксантинот се одлични за зачувувањето на видот. Тие спаѓаат во групата на каротеноидите и поволно делуваат врз мрежницата на окото, ја спречуваат макуларната дегенерација која е поврзана со стареењето, и која се смета за најчеста причина за ослепувањето. Освен што го чува видот, лутеинот ја заштитува кожата од УВ зрачењето. Анализите докажале дека лицето содржи најголема концентрација на лутеин во споредба со целото тело, бидејќи најмогу е изложено на сонце.

Во исхраната блитвата особено се препорачува кусо варена зошто така нуди најмногу од корисните нутриенти.

- Реклама -