Блинкен му порача на Нетанјаху дека САД секогаш ќе стојат покрај Израел

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска, за време на неговото патување на Блискиот Исток, го увери израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за поддршката на Вашингтон, со цел да се спречи ширењето на конфликтот со палестинските бунтовници Хамас.

Блинкен замина на турнеја во неколку земји на Блискиот Исток додека Израел го изведува најмоќното бомбардирање во 75-годишната историја на неговиот конфликт со Палестинците.

Еврејската држава соопшти дека ќе го уништи Хамас, кој владее со Појасот Газа, како одмазда за нападот на бунтовниците викендот.

Највисокиот дипломат на Вашингтон ќе се обиде да обезбеди ослободување на затворениците заробени од Хамас, за некои за кои се верува дека се Американци, и ќе ги продолжи разговорите со Израел и Египет за да обезбеди безбедна рута за жителите на Газа да можат да ја напуштат енклавата пред евентуална копнена инвазија од страна на Израел.

Прочитајте и:  Израелските бомбардирања ги ставаат во опасност античките урнатини

Како што пренесуваат странските агенции, патувањето на Блинкен исто така има за цел да испрати порака до Иран, кој го поддржува Хамас, да не се вклучува во конфликтот.

Еден час по слетувањето во Тел Авив, Блинкен се сретна со Нетанјаху и му порача: „Тука сме, не одиме никаде“.

По Израел, Блинкен ќе се упати во Јордан каде ќе се сретне со кралот Абдула Втори и со палестинскиот претседател Махмуд Абас. Се очекува подоцна да отпатува во други арапски земји.

МИА

- Реклама -