Можеби веќе сте заборавиле за BlackBerry , но канадската компанија тивко работи на нов производ.
Единственото нешто што сигурно го знаеме засега е дека уредот ќе има квадратен екран и висока резолуција .
Вчера компанијата објави публикација во официјалниот блог посветен на програмерите со која ги покани да ја пробаат последната , сеуште не објавена верзија на мобилниот оперативен систем BlackBerry – 10.3.
Компанијата во статијата објасни дека предметната верзија ќе биде користена од производи кои ќе бидат претставени до крајот на годината .
Иако не дава којзнае какви детали околу овие производи , компанијата сепак објаснува дека „кога ќе го отворите бета симулаторот за 10.3 , ќе видите квадратен екран “.
Со овие зборови Тим Нил – директорот на одделот за производно управување на апликации , платформи и алатки во компанијата, им објаснува на програмерите дека BlackBerry подготвуваат нов уред со резолуција од 1440 x 1440 пиксели и со густина на пикселите од 453dpi.
За жал, тоа и единствената информација со која располагаме во моментов .
Компанијата ги советува читателите на блогот , постојано да ги следат неговите постови, бидејќи наскоро во него ќе бидат претставени дополнителни информации .
Текстот е објавен во соработка со Socialnet.mk