BlackBerry ќе пробаат да направат нов таблет

Иако во моментов не се најдобрите времиња за неа , канадската компанија BlackBerry можеби ќе пушти нов таблет на пазарот , кој ќе се појави до 2015 година.
Моделот доаѓа по првиот сличен производ за компанијата, кој го видовме во 2011 година. Тогаш 7 -инчниот PlayBook понуди резолуција од 1024х600 пиксели, 1 GB RAM меморија, како и 64 GB внатрешна меморија.

Првиот таблет на компанијата сигурно не може да се нарече успешен. Иако од гледа точна на карактеристиките тој генерално одговараше на конкуренцијата во тоа време, моделот собра многу критики од специјалистите поради различните недомислици во него.

Сега претставници на компанијата уверуваат дека сè ќе биде поинаку. Благодарение на новите партнерства на компанијата се надеваме дека ќе можеме да видиме конкурентен уред кој ќе се бори со најдобрите модели на Apple и Samsung – така барем тврдат од компанијата.

Текстот е објавен во соработка со Socialnet.mk

- Реклама -